Таткото на Оби Микел бил киднапиран четири часа пред мечот Нигерија - Аргентина

Санкт Петерсбург, 3 јули 2018 (МИА) - Таткото на нигерискиот репрезентативец Џон Оби Микел бил киднапиран непосредно пред почетокот на натпреварот на африканскиот тим и Аргентина во рамките на третиот круг од групната фаза на Светското првенство во Русија.

Капитенот на Нигерија со тоа на ум го одигра натпреварот против „гаучосите“, а неговиот тим можеше да се пласира во следната рунда при реми или победа.

Киднаперите се заканиле дека неговиот татко веднаш ќе биде убиен ако тој ги сподели информациите во јавноста.

Микел изјави дека добил повик од киднаперите четири часа пред почетокот на натпреварот со Аргентина, кои сакале околу 30.000 американски долари за откуп на неговиот татко.

- Бев збунет, не знаев што да правам. Но, на крајот, знаев дека не треба да изневерам 180 милиони Нигеријци. Морав да го ставам тоа на страна во мојата глава и да ја претставувам мојата земја. Ми беше кажано дека не треба да разговарам со никого за тоа или во спротивно тој веднаш ќе биде убиен. Не сакав да му кажам на тренерот или на некој друг во тимот, бидејќи не сакав да се занимаваат со моите проблеми, изјави Оби Микел.

Нигерија изгуби од Аргентина со 2:1 во тој меч и беа елиминирани од Светското првенство, додека таткото на Оби Микел беше спасен од локалната полиција, откако било употребено и огнено оружје.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Фудбал

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more
 

Спорт

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе