ТАВ Македонија и аеродром Скопје: Не продаваме изгубен багаж, лажни профили сакаат да изнудат податоци од граѓаните

„ТАВ Македонија“, подружница на „ТАВ аеродроми“, ја информира и ја предупредува јавноста дека има лажни страници и профили на социјалните мрежи, на кои наводно се продава изгубен багаж на Меѓународниот аеродром „Скопје“.

Ова се лажни објави на социјалните мрежи преку кои се шират лажни информации за наводна продажба на изгубен багаж во име на Меѓународниот аеродром ‘Скопје’, односно аеродромскиот оператор ‘ТАВ Македонија’, а понатаму корисниците се пренасочуваат на линкови до веб-страници, каде што се бараат лични податоци и детали од банкарски сметки со цел да бидат измамени да направат трансакција. Затоа, апелираме до јавноста да бидат внимателни додека се онлајн, особено кога се бара да ги вметнат своите лични податоци и детали за трансакциски сметки, кои може дополнително да бидат злоупотребени“, велат од ТАВ и додаваат:

 „Како сериозна и одговорна компанија, која се грижи за своите клиенти, ‘ТАВ Македонија’ ќе ги преземе сите правни мерки за заштита на својот углед, особено затоа што во аеродромската дејност изгубениот багаж им се враќа на сопствениците во согласност со утврдена процедура, односно со изгубениот багаж никогаш не се тргува.

 Дополнително, ја потсетуваме јавноста дека сите официјални информации и новости во врска со и за Меѓународниот аеродром ‘Скопје’ може да се најдат на веб-страницата на Меѓународниот аеродром ‘Скопје’ https://skp.airports.com.mk/mk-MK/; како и на нашите страници на социјалните мрежи:

Facebook-страница: https://www.facebook.com/SkopjeAirport;

Instagram-страница: https://www.instagram.com/skopjeairport/; и

X-страница: https://x.com/skopjeairport

Сите други веб-страници и страници на социјалните мрежи на кои луѓето може да наидат лажно се претставуваат и немаат никаква врска со Меѓународниот аеродром ‘Скопје’ и со дејноста на ‘ТАВ Македонија’“, посочуваат оттаму.

реклама

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Read more

Русите преку ноќ уништија еден од најголемите пазари во Европа

Read more

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

Ништо нема да оди како што треба: Знаци на кои не им се пишува добро во февруари

Read more

Македонија

Камбовски: Комисијата да одлучува внимателно во постапката за Јованов, чувствително е оти предметот е пред Апелација

Read more

Здружението на судиите: Јавната осуда на судија не смее да биде поткрепена со непотврдени шпекулации

Read more

Мицкоски очекува откако ќе им се изгласа интерпелација членовите на Судски совет да бидат доблесни и сами да се повлечат

Read more

Се воведува Итно копче за брза помош на центарци

Read more
 

Вести

Синедејс 2025 отвора повик за кратки филмови

Читај повеќе

Камбовски: Комисијата да одлучува внимателно во постапката за Јованов, чувствително е оти предметот е пред Апелација

Читај повеќе

Здружението на судиите: Јавната осуда на судија не смее да биде поткрепена со непотврдени шпекулации

Читај повеќе

Се степале двајца лекари во операциона сала во штипската болница

Читај повеќе

Анализа на Сојузот на стопанските комори: Супермаркетите работат со ниски профити, доставувачите го диктираат пазарот

Читај повеќе

Израел подготвува план за заминување на Палестинците од Газа: Нека ги примат Шпанија, Ирска, Норвешка, Канада

Читај повеќе

Мицкоски очекува откако ќе им се изгласа интерпелација членовите на Судски совет да бидат доблесни и сами да се повлечат

Читај повеќе

Повторно пукање во Брисел, најмалку еден повреден

Читај повеќе

Се воведува Итно копче за брза помош на центарци

Читај повеќе