Фудбал

Тажен крај: Играчот на Хал, Рајан Мејсон на 26 години ја заврши кариерата

13. февруари 2018 - 15:26 | М.Д.

Фудбалер на Хал Сити ќе мора да ја заврши предвреме професионалната кариера поради тешка повреда со која се здоби пред една година.

Играчот на Хал Сити, Рајан Мејсон, принуден е да стави крај на професионалната фудбалска кариера на 26 години.

Оваа одлука донесена е една година после тешка повреда на главата.

Мејсон во јануари 2017 година, на натпреварот против Челзи во Премиер лигата се здоби со фрактура на черепот после судир со Гери Кејхил, за потоа да биде итно опериран.

Неговиот клуб соопшти дека играчот донел одлука да стави крај на кариерата, откако после закрепнувањето, во разговор со големи бројни познати невролози и невохирурзи добил идентичен совет, а тоа е дека не би било безбедно да продолжи професионално да се занимава со фудбал.

„Неуморно работев за да се вратам на теренот. За жал, после совети од експерти, немам друга алтернатива освен да се повлечам поради повредата. Засекогаш ќе им бидам благодарен на неверојатниот број на луѓе кои ми помогнаа да закрепнам од повредата опасна по живот“, изјави Мејсон.

Мејсон ги помина младите категории на Тотехнем, а потоа настапуваше и за неколку ниско рангирани клубови во Англија, пред летото 2016 година да потпише договор со Хал.

Тој запиша и еден настап за репрезентацијата на Англија, во март 2015 година на натпреварот против Италија.

Коментирај