Тажна глетка: 103 тони ѓубре извлечени од океанот во една експедиција

Брод на институтот Ocean Voyages вчера се врати во пристаништето во Хонолулу со 103 тони ѓубре извлечено од Тихиот Океан во една експедиција.

Ова е најголемата количина ѓубре собрана од океанското дно во една експедиција, па тоа значи дека тимот во експедицијата што траеше 48 дена постави еден навистина тажен рекорд за човештвото. Водачот на експедицијата, Мери Кроули, која исто така е основач и извршен директор на институтот Ocean Voyages, рече дека за неколку дена се враќаат назад за да соберат уште ѓубре. Таа нагласува дека реализацијата на овие експедиции зависи од донации.

„Многу сум горда на нашиот трудољубив екипаж. Ја надминавме зацртаната цел од 100 тони фрлена пластика и рибарски мрежи. Во овие тешки времиња исполнети со предизвици продолжуваме да помагаме кон остварување на целта – океанот повторно да биде здрав, бидејќи од тоа зависи нашето здравје и здравјето на целата планета“, рече Кроули.

„Користиме проверена наутичка опрема за ефикасно чистење на океаните, а истовремено воведуваме иновативни нови технологии. Институтот Ocean Voyages е водечка институција во истражување и чистење на океаните со децении наназад“, додаде таа.

Од институтот планираат да ја прошират својата работа и во други делови на светот за да извлечат што е можно повеќе отпад од светските мориња и океани, отпад кој се заканува на опстанокот на морскиот свет.

Remote video URL
реклама

Бон Џови и покрај богатството пет дена неделно мие садови во ресторан

Read more

Русите објавија снимка од протерувањето на британскиот разурнувач

Read more

Најчестите грешки на возачите за време на летниот одмор

Read more

Џон Мекафи, творецот на антивирусната програма, пронајден мртов во затвор

Read more

Вести

YouTube ќе има опција „слика во слика“ на iPhone и iPad

Read more

Кина ги забрани криптовалутите, паѓаат цените на графичките процесори и на Биткоинот

Read more

Измислена лепенка што може да открие алкохол и кофеин во крвта

Read more

Hyundai ги купи кучето-робот Spot и Boston Dynamics. Што планира со нив?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Десетте највисоки планини во Сончевиот Систем

Читај повеќе

Какви камери ќе имаат Samsung Galaxy S22 и S22 Plus?

Читај повеќе

Ако ги имате овие 8 Android апликации - избришете ги веднаш

Читај повеќе

Нов чип ќе ја донесе супериорната компјутерска графика на смартфон

Читај повеќе

YouTube ќе има опција „слика во слика“ на iPhone и iPad

Читај повеќе

Кина ги забрани криптовалутите, паѓаат цените на графичките процесори и на Биткоинот

Читај повеќе

Со Tinder сега уште полесно ќе ја најдете сродната душа

Читај повеќе

Jacob & Co претстави луксузен часовник од 580.000 долари

Читај повеќе

Мистериозна компјутерска грешка го стави вселенскиот телескоп Hubble во „безбеден режим“

Читај повеќе