Вести

Тажна глетка: Кучиња влечат санка низ стопениот мраз на Гренланд

18. јуни 2019 - 12:37 | А.С.

Метеорологот Стефен Олсен од Данскиот метеоролошки завод беше на рутинска мисија во северозападниот дел на Гренланд каде требало да ги собере инструментите за мерење на атмосферските промени оставени од неговите колеги. Неговата мисија не помина како што очекуваше.

Наместо да ги најде метеоролошките инструменти поставени на дебелата ледена покривка, на местото го дочекала огромна количина вода, односно стопениот мраз на Гренланд.

Тој ја снимил тажната глетка – кучињата како влечат санка за на снег застанати во светлосината вода, и фотографијата вирално се рашири на социјалните мрежи, главно од луѓе кои предупредуваат за глобалното затоплување.

Оваа фотографија сигурно ќе остане запаметена како уште една во низата моќни фотографии што сведочат за последиците од глобалното затоплување.

Олсен на Twitter предупреди дека заедниците на Гренланд зависат од замрзнатото море за превоз, лов и риболов и дека топењето на ледената покривка прво ќе се одрази кај нив и нивното преживување.

Повеќе од 40 отсто од мразот на Гренланд, или две милијарди тони мраз, се истопија за 24 часа во текот на викендов.

Иако Гренланд е најголем остров на светот со големо количество мраз, многу е невообичаено толку многу мраз да се истопи во јуни. Сезоната на топење трае од јуни до август, а најголем дел се топи во јули.

Коментирај