Тажна глетка од вселената: Исчезнува Аралско Море

Рускиот космонаут Антон Шкаплеров објави фотографија на Аралско Море снимено од вселената на која се гледа катастрофалната судбина на ова море – неговата вкупна површина во изминативе години драстично е намалена.

Тој изрази жалење што нивото на Аралско Море, што всушност е езеро со солена вода што се наоѓа на границата меѓу Казахстан и Узбекистан, станало катастрофално ниско, со оглед на тоа дека беше многу поголемо, а во изминатите 50 години се намали поради намалениот доток на вода предизвика од хидрогеолошките интервенции на реките што се слеваат во него.

Од 40-тите години на 20. век водите на овие реки се користат за наводнување на полињата со памук во Казахстан и Узбекистан, а со оглед на тоа дека околу 20 до 60 кубни километри вода годишно се издвојуваат за наводнување, нивото на езерото опаѓа за 20 до 60 сантиметри годишно.

Како резултат на тоа вкупната зафатнина на езерото од 1960 година се намали за 80%, а зголемената соленост ги уништи речиси сите облици на живот во него.

Поради опаѓањето на нивото на езерото дојде до промена на локалната клима и изумирање на многу растителни и животински видови. Тоа доведе и до пропаѓање на риболовот и индустриите поврзани со него, а некогашните пристаништа сега се на 50 километри од сегашното крајбрежје.

Од 1989 година езерото е поделено на Мало Море на север и Големо Море на југ, а ако не се преземе ништо наскоро, се смета дека јужниот дел од езерото ќе исчезне до 2025 година.

Со изградбата на браните на север дојде до нагло растење на нивото на водата во Мало Море.

Засега, Казахстан е заинтересиран да преземе мерки за спасување на својот дел од Аралско Море со помош на кредити од Светска банка, додека Узбекистан смета дека производството на памук е многу позначајно.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе