Тажна исповед на Линда Евангелиста: Трајно сум деформирана

Б.С.Б.
/ 23.09.2021 / 15:50

Иако со години наназад се зборуваше за нејзиниот драстично променет изглед, Линда Евангелиста на Instagram објави соопштение за тоа што всушност ѝ се случило.

Заедно со Наоми Кембел, Синди Крафорд и Кристи Тарлингтон, Линда владееше на модните писти на сите познати дизајнери во 90-тите години на минатиот век.

Во последните неколку години се пишуваше за нејзиниот драстично променет изглед, односно за тоа дека е непрепознатлива.

Линда се помалку се појавуваше во јавноста, на социјалните мрежи не објавува фотографии од личниот живот. Сега, за првпат по 5 години агонија, таа проговори.

„Денес направив голем чекор кон исправувањето на грешката што ја претрпев и ја чував во себе повеќе од 5 години. Причината зошто не работев додека кариерите на моите врснички напредуваа е затоа што сум трајно деформирана со Zeltik Cool Sculpting  процедурата која го направи спротивното од тоа што беше ветено. Наместо да се намалат, масните клетки се зголемени и оставија трајна деформација дури и по две болни неуспешни корективни операции. Станав, како што опишаа медиумите, непрепознатлива“, стои во соопштението на Линда.

Таа додава дека развила Paradoxical Adipose Hyperplasia за чиј ризик не била свесна пред да се изложи на естетскиот зафат.

Овој зафат ја чинел многу у не само материјално, туку паднала во круг на длабока депресија, длабока тага и најдлабок самопрезир.

Најави дека ќе оди напред, но дека е уморна од ваквиот живот.

„Со оваа тужба тргнувам напред да се ослободам од срамот и излегувам во јавноста со мојата приказна. Уморна сум од ваквиот живот. Сакам да излезам со крената глава и покрај тоа што повеќе не личам на себе“.

Нејзината исповед трогна многумина, а веднаш доби поддршка од нејзините колешки и обожаватели на социјалните мрежи.

„Потребна се храброст и сила да се напишат овие зборови. Ми се скрши срцето кога го прочитав ова, останав во солзи“, стои како дел од изјавата на Хелена Кристенсен.

„Ти аплаудирам на храброста и силата да го споделиш ова искуство, знаеш дека те сакам, ние те сакаме. И секогаш ќе бидеме покрај тебе. Не можам да ја замислам болката низ која си минала овие 5 години“, напиша Наоми Кембел.

„Линда, твојата сила и суштина се засекогаш препознаени и секогаш ќе бидеш икона“, ја поддржа и Синди Крафорд.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе