Тажните последни денови на Стен Ли

Едно од најголемите имиња во стрип-индустријата, Стен Ли, кој е познат како креатор на компанијата Marvel и на многу од нивните најпопуларни ликови, се наоѓа во лоша здравствена состојба и поминува низ најтешкиот период од неговиот живот.

Според репортажата на The Daily Beast, освен со болеста, Стен Ли се соочува и со „грабливци“ кои го осиромашуваат од ден на ден. Креаторот на Spider-Man, Fantastic Four, Incredible Hulk и многу други познати ликови од Marvel e на раб на колапс, како физички, така и финансиски.

Близок познаник на Стен Ли тврди дека ситуацијата во која се наоѓа познатиот креатор и бизнисмен е „тотална каша“. Во последните неколку месеци тој изгубил повеќе од 1,4 милиони долари поради технички потешкотии при трансфер на пари, а додатни 300.000 долари му биле одземени од сметката од страна на негов соработник со објаснување дека тие биле инвестирани во Hands of Respect, организација во која Ли веќе одамна не учествува.

Оваа трансакција ја извршил Џери Оливарез, поранешен бизнис-партнер на ќерката на Стен Ли и коосновач на Hands of Respect, заедно со Ли.

„Татко ми инвестираше многу пари во Hands of Respect, а не доби ништо за возврат освен долгови. Џери Оливарез ме третираше како кукла и проба да ме одвои од татко ми. Тие ме искористија и ни го уништија животот“, рече Џеј Си, ќерката на Стен Ли.

Најголемиот проблем во животот на Стен Ли во моментов не е Џери Оливарез, туку сите оние „грабливци“ кои постојано му ги земаат парите на бизнисменот од една или друга причина. Според неговите блиски познаници, Стен Ли никогаш и не знаел да се одбрани од лоши влијанија, но сега, кога боледува од пневмонија и најчесто е во неговиот дом без можност да контролира што се случува околу него, работите се влошуваат од ден на ден.

Доколку сакате да дознаете нешто повеќе околу целата ситуација, најдобро е да ја прочитате деталната колумна на Марк Ебнер, која може да ја најдете тука.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Филм & ТВ

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Read more

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Read more

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Read more
 

Сцена

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе