Театарот „Сенки и облаци“ објави повик за уметнички резиденцијален престој

„Дојди, Предложи, Изведи!“ - Програмата за уметнички резиденцијален престој е иновативен уметнички концепт, кој цели да реализира репертоар од свежи идеи на културната сцена во Скопје.

Театар Сенки и Облаци ќе овозможи располагање со сценски и галериски простор, како и техничка опрема, продукциска и логистичка поддршка и заедничка промоција на „ДОПРИ“ - Програмата за уметнички резиденцијален престој.

Целиот проект ќе се реализира во два повика:

# 1 Повик за проекти во насока на визуелни уметности (сликарство, фотографија, скулптура, филм, анимација, дизајн…)

# 2 Повик за проекти во насока на изведбени уметности (театар, танц, музика, пантомима, театар на импровизација, стенд ап…)

#1 Резиденцијален престој за ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ!

ЗА КОГО?

*Поединци но и група на млади лица до 35г.

* Уметници од областа на визуелната уметност (сликарство, фотографија, скулптура, филм, анимација, дизајн…).

* Луѓе од маргиналиризарни социјални групи.

* Мултидисциплинарни уметници кои практикуваат нови изрази.

КАДЕ?

„ДОПРИ“ - Програмата за уметнички резиденцијален престој ќе се реализира во рамките на театар „Сенки и Облаци“, Дебар Маало, Скопје. Театарот располага со простор чија досегашна намена е театарска сцена, изложбена галерија, мало кино за филмски проекции, простор за работилници, предавања, јавни дискусии и дебати, интервјуа, промоција на книги, фестивали, музички џем сесии и други видови на настани.

КОГА?

Проектот може да биде во било која фаза од развојот - од почетна идеја и замисла, па сѐ до реализација.

Истиот треба да цели процес во времетраење од 2 недели и да резултира со завршен настан од јавен карактер во месец јули, изведен во Театар „Сенки и облаци”.

Учесниците дополнително ќе бидат мотивирани преку обезбедување на симболични хонорари, како и можност за идна соработка, со цел долготрајни изведби на проектот на сцената во Театар „Сенки и Облаци“, што директно ќе влијае на одржливоста на „ДОПРИ“.

Повикот ќе биде отворен до 10 јуни 2023, а заинтересираните може да се пријават на ОВОЈ ЛИНК. За повеќе информации обратете се на телефонскиот број 070302572 или на e-mail адресата shadowsandclouds.theatre@gmail.com.

реклама

Едно овошје е број еден за намалување на крвниот притисок

Read more

Решението за лошиот здив од лукот стои во фрижидерот

Read more

Зошто археолозите стравуваат да ја отворат гробницата на првиот кинески император?

Read more

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа сега има улица во Скопје

Read more

Култура

Објавен распоредот на настапи за утрешниот музички настан Здраво млади

Read more

Во сабота во Тетово оперски концерт Белканто во италијанската традиција

Read more

Македонски пејачи и рок изведувачи од Србија за крај на Карпошовото културно лето

Read more

Што ќе понуди третиот Скопски поетски фестивал во богатата програма?

Read more
 

Вести

  • filter

Чекална во Центар

Читај повеќе

Во Загреб пристигнаа налози за апсење, Грците бараат екстрадиција на уште десет навивачи

Читај повеќе

Државата им ги одзема децата на мафијашите во Италија

Читај повеќе

Полскиот премиер до Зеленски: Не ги навредувај Полјаците

Читај повеќе

Сончево време со температура до 35°C

Читај повеќе

Косово врие од лажни евро монети – уапсени и лица од Македонија

Читај повеќе

Георгиевски до Груевски: Сè што ми направи мене, сега ти го прават тебе

Читај повеќе

Бислимоски: Ако не се постави цевководот на мостот Беласица, ќе имаме ценовно цунами со парното греење

Читај повеќе

Фрлени бомби врз три куќи на српски политичари во Косово

Читај повеќе