Театарските уметници од Србија, С. Македонија и Албанија стануваат дел од Отворен Балкан

Претставници на националните театри на Србија, Северна Македонија и Албанија денеска во Владата на Србија потпишаа протокол за соработка во рамките на иницијативата Отворен Балкан, јавија белградските медиуми.

Договорот, што беше инициран на неодамнешниот форум Отворен Балкан во Охрид, го потпишаа в.д. директорот на Народниот театар од Белград, Светислав Буле Гончиќ, директорот на Националната опера и балет од Скопје, Васо Ристов, и Абигајла Воштина од Народниот театар за опера и балет од Тирана, а потоа ќе го потпише и претставничката на Македонскиот народен театар, Симона Угриновска.

„Во Охрид ја претставивме идејата за можност за заедничка соработка на културно ниво, на ниво на размена меѓу Тирана, Скопје и Белград и дојдовме до идеја за формирање Отворен балкански театарски фестивал, што всушност ќе вклучи размена на искуства, педагози, уметници и изведби“, рече Гончиќ по потпишувањето.

Документот беше потпишан по разговорите во Белград каде претставниците на националните куќи „се договорија, се согласија и го зацртаа основниот пат на еден ваков фестивал“, рече Гончиќ.

„Фестивалот се роди со идејата дека треба да ја отвориме вратата кон иднината, особено на младите и да започнеме нов концепт и свет. Поминавме многу време разговарајќи на таа тема, и официјалното потпишување на договорот формално означи нов почеток“, рече Гончиќ.

Изразувајќи надеж дека фестивалот „ќе има позитивно влијание и врз публиката и врз самите творци“, Гончиќ додаде дека во следните неколку месеци ќе се направат подготовки за практично да се спроведе договорот.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе