На предлог на Комисијата за заразни болести Владата денеска ги усвои Протоколот за работа на природните лекувалишта во услови на пандемија со COVID-19, како и Протоколот за работа на едукативните центри, музички училишта и центри/училишта за странски јазици во услови на пандемија со COVID-19.
Во однос на работата на кината, театрите, оперските претстави, балетските претстави, другите манифестации со филмски проекции, мултимедиумските проекти, фестивалите и други манифестации од дејноста на културата, Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести согласно кое за овие дејности ќе важи веќе донесениот Протокол за организирање на настани, соопшти владината прес-служба.