Тече конкурсот „Антево перо“ за необјавена збирка песни

Остануваат помалку од десет дена од Конкурсот за доделување на наградата „Антево перо“ за 2020 година, потсети Меѓународната поетско културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“.

Наградата, наведуваат, се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена збирка песни на македонски јазик, а е востановена во чест на современиот македонски поет, академик Анте Поповски.

Сите кои планираат да ги испратат своите ракописи можат да ги испратат на e-mail адресата antevopero@gmail.com заклучно со 25 август, а за детали околу конкурсните пропозиции и рокови можат да се информираат на Facebook страницата Антево перо.

– Основната мисија на оваа награда е популаризација на поетскиот книжевен жанр, поттикнување на младите поети кои творат и се остваруваат на македонски јазик и афирмација и популаризација на нивните дела, се вели во соопштението.

Овогодишниот Конкурс, како што наведуваат, досега привлече голем број на творци кои го посакуваат признанието што го носи името на великанот на македонската поетска мисла, Анте Поповски.

– Меѓу оние кои доставиле свои стихозборки, има автори што одамна ја имаат потврдено својата книжевна вредност, авторитет и квалитет и кои многупати биле наградувани или се закитиле со некое еснафско признание, но и талентирани поетски пера, чиешто време допрва надоаѓа.

– Организаторите се особено среќни што меѓу пристигнатите поетски ракописи има и неколку книги од млади автори, кои со оглед на годините освен за наградата „Антево перо“ имаат привилегија да бидат во конкуренција и за наградата „Антев часовник“, востановена лани за поети до 25 години, со цел дополнително да се стимулира творештвото на најмладите наши таленти, се вели во соопштението.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе