Тедрос: Богатите држави да не прават залихи на вакцини и лекови

Богатите земји мораат да ги избегнуваат грешките што ги направија порано со акумулирање залихи на лекови и вакцини, предупреди директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој ја осуди борбата на богатите земји да обезбедат огромни количини разни вакцини против коронавирусот, додека сиромашните нации сѐ уште не ги добиле првите дози.

Тедрос посочи дека пандемиите ги разоткриваат и експлоатираат нееднаквостите во светот и предупреди дека сега постои „вистинска опасност“ вакцините, како средство за запирање на пандемијата, да ги влошат тие нееднаквости.

– Национализмот со вакцини може да послужи за краткорочни политички цели, но на крајот ќе биде кратковид и самоубиствен, рече Тедрос, пренесува Guardian.

Тој додаде дека целта на Ковакс почне со доставување на првите дози во следните неколку недели, и да се почне со вакцинирање на медицински работници и постарата популација во сите земји во првите 100 денови од оваа година.

Тој го повика светот да не ги повторува грешките од кризата со ХИВ инфекцијата, кога богатите земји набавуваа лекови со децении пред да станат достапни во посиромашните земји.

Тедрос исто така потсети дека за време на пандемијата на вирусот на грип H1N1 во 2009 година, вакцините стигнале до сиромашните земји дури по завршувањето на пандемијата.

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Read more

Дали пиењето шотови маслиново масло е добро за здравјето?

Read more

Како Кина ја добива трговската војна?

Read more

Свет

Трамп: Разочаран сум од Зеленски

Read more

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Келог: Мировниот договор за Украина е многу близу, клучни остануваат Донбас и Запорожје

Read more

Аеродромот во Цирих воведува 3D скенери со најмодерна технологија

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Трамп: Разочаран сум од Зеленски

Читај повеќе
  • play_arrow

Милошоски: Во Македонија нема да се градат бегалски кампови

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајланд ја нападна Камбоџа

Читај повеќе

Како Кина ја добива трговската војна?

Читај повеќе

Цените на нафтата благо растат втора недела по ред

Читај повеќе

Променливо време и температури до 14°C

Читај повеќе

Гужва на границите: На „Дојран“ и „Табановце“ се чека и по 40 минути

Читај повеќе

Келог: Мировниот договор за Украина е многу близу, клучни остануваат Донбас и Запорожје

Читај повеќе

УЈП: Секоја четврта контрола открива неиздавање фискална сметка

Читај повеќе