Тејлор Свифт е невидлива во спотот за новата песна „Delicate“
Популарната американска пејачка Тејлор Свифт, објави спот за новата песна „Delicate“, во кој глуми ѕвезда која станува невидлива. Свифт во спотот пее и глуми, односно се обидува да се прикаже како обична девојка на која им сметаат новинари, штикли, гламур, протоколи и така натаму.
Спотот го режираше Џозеф Кан. На почетокот од видеото, Тејлор се појавува како суперѕвезда која ќе посака да стане невидлива, не помислувајќи дека желбата може навистина да и се исполни.
Новиот сингл ќе го привлече вниманието на милиони девојчиња ширум светот, кои инаку се најголеми фанови на американската пејачка.
„Delicate“ е четврта песна од новиот албум на Тејлор Свифт „Reputation“, кој беше објавен во ноември минатата година.