MTV вчера ги објави номинациите за европските музички награди 2017 MTV EMA, а Тејлор Свифт е номинирана за дури шест награди, вклучувајќи ја категоријата Најдобар видеоспот за песната „Look What You Made Me Do“, како и за Најдобар изведувач.
По неа следат канадската ѕвезда Шон Мендес кој ќе се натпреварува во пет категории, додека Кендрик Ламар и Ед Ширан имаат по четири номинации.
Мегахитот на Ширан „Shape of You“ е номиниран во категоријата Најдобра песна, во конкуренција со „Whild Thoughts“ на Диџеј Калид и Ријана, „There's Nothing Holdin Me Back“ на Шон Мендес, летниот хит „Despacito“ на Луис Фонси и Деди Јенки, како и „Rockabye“ на „Клин бендит“.
За наградата MTV Best Adria Act се номинирани Сара Јо, „Ничим изазван“, Нина Краљиќ, Марин Јуриќ-Чивро и „Коала војс“.
Гласањето за категоријата MTV Best Adria Act почна вчера и ќе трае до 11 ноември кога ќе биде познат победникот во категоријата. Може да гласате ТУКА.
Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 12 ноември во арената „The SEE“ во Лондон, а водителка ќе биде Рита Ора.