Телефон кој работи без батерија (видео)
Тим научници од Универзитетот во Вашингтон конструираа мобилен телефон кој работи без батерии.
Телефонот користи базна станица која емитува аналоген радио сигнал, а пораката пристигнува во вид на шаблон на радио сигнал кои звучникот ги претвора во звучни бранови. Телефонот се напојува со соларни батерии со големина на зрно ориз, како и преку базни станици. Резултатите од овој проект се објавени во „Proceedings of the ACM on Interactive, Mobile, Wearable and Ubiquitous Technologies".