Telegram достигна 700 милиони активни корисници и воведе претплата

Telegram официјално објави какви поволности ги очекуваат оние кои сакаат да платат претплата.

Telegram на својот блог објави дека апликацијата за четување сега ја користат 700 милиони активни корисници. Компанијата ја искористи оваа прилика и официјално да објави Premium претплата.

Веќе подолго време слушаме за Telegram Premium претплатата, а чекањето конечно заврши. Telegram штотуку ја објави верзијата 8.8 за Apple App Store - овозможувајќи им на корисниците да го вкусат целосниот потенцијал на апликацијата за 4,99 долари месечно. Се очекува постојните функции да останат бесплатни. Сепак, оние кои сакаат да добијат некои примамливи нови додатоци сега ќе треба да плаќаат месечна претплата.

Додека ја пишувавме оваа вест ажурирањето сè уште не беше достапно на Google Play Store. Сепак, компанијата се стреми да објави големи ажурирања за сите платформи во текот на денов. Значи, можете да очекувате да видите нова верзија во рок од еден или два дена, доколку процесот на објавување оди без проблеми.

Целосната листа на Premium карактеристики вклучува:

  • 4 GB лимит за аплоадирање
  • максимална брзина на преземање датотеки
  • поврзување на 4 сметки
  • организирање на вашите разговори во 20 папки, со по 200 разговори
  • закачување 10 разговори на главната листа
  • резервација до 20 јавни t.me линкови
  • чување 400 омилени GIF и 10 омилени стикери
  • подолг био дел и можност за поставување линкови во него
  • подолги натписи за фотографии и видеа
  • транскрипција на глас во текст
  • ексклузивни стикери и смајлиња
  • премиум значка на профилот
  • поддршка за видео на профилот
  • без реклами
  • повеќекратни икони на апликацијата

Покрај придобивките од Premium, iOS верзијата 8.8 додава и некои функции за редовните и Premium корисници. Јавните групи сега поддржуваат барања за приклучување, има нова анимација при споделување големи датотеки од други апликации во Telegram, ботовите се подобрени, воведена е поддршка за ProMotion 120 Hz, како и закрпи за багови.

Овие нови функции ги наградуваат корисниците кои плаќаат, но исто така не се премногу примамливи за оние кои не би сакале да платат. Обичните корисници веројатно нема да се чувствуваат како да пропуштаат многу. Останува да се види дали значителен дел од корисниците ќе го игнорираат новиот Premium план или ќе се претплатат на него.

Тагови
реклама

10 места во светот каде ајкулите најчесто напаѓаат

Read more

Научниците открија кој стои зад мистериозните убиства на ајкули во Јужна Африка

Read more

Хороскопски знаци кои најмалку си одговараат и најчесто се разделуваат

Read more

Што да очекуваме од Сончевата бура која утре ќе ја погоди Земјата?

Read more

Софтвер

Android карактеристики со кои iPhone не може да се натпреварува

Read more

Корисни опции во Windows 11 за кои можеби не сте знаеле

Read more

Опасниот BRATA Android малвер се шири низ Европа

Read more

Telegram достигна 700 милиони активни корисници и воведе претплата

Read more
 

Гик

10 места во светот каде ајкулите најчесто напаѓаат

Читај повеќе
  • play_arrow

Непознат тип на кристал пронајден во метеорит кој падна во Русија

Читај повеќе
  • filter

Што да очекуваме од Сончевата бура која утре ќе ја погоди Земјата?

Читај повеќе

Кои видови биле првите што се опоравиле по Големото истребување?

Читај повеќе
  • filter

Научниците открија кој стои зад мистериозните убиства на ајкули во Јужна Африка

Читај повеќе

НАСА обвинува: Кина сака да ја преземе Месечината

Читај повеќе
  • play_arrow

НАСА прави роботи кои ќе бараат подводни вонземјани на други планети

Читај повеќе

Android карактеристики со кои iPhone не може да се натпреварува

Читај повеќе

Google го олеснува управувањето со лозинките на сите платформи

Читај повеќе