Телеком МК апликацијата подобренa и со нови функционалности

Корисниците можат лесно и онлајн да управуваат со сите фиксни и мобилни услуги

Со Телеком МК апликацијата, врвно дигитално корисничко искуство во сите компании од Дојче Телеком групацијата, Македонски Телеком го надгради она што постоеше и досега - апликацијата достапна на мобилните уреди преку која корисниците можат лесно и во секое време да управуваат со своите телекомуникациски услуги. Потребата за надградба на апликацијата произлезе од идејата корисниците на Македонски Телеком да ги добијат потребните услуги брзо и ефикасно, како резултат на поедноставување на процесите што е во насока на дигитализација на компанијата.

Апликацијата како дигитална алатка сега има модерен изглед и нови дополнети функционалности со коишто значително се подобрува корисничкото искуство. Сите корисници на Македонски Телеком што ќе ја користат апликацијата имаат подобрен онлајн пристап до фиксните и мобилните услуги, ќе можат да ја гледаат историјата на своите трошоци, да ги гледаат и да ги плаќаат сметките, да надополнуваат ваучер и да активираат пакети. Една од новините е брзо, лесно и и безбедно плаќање на сметките со картички, бидејќи апликацијата ја меморира платежната картичка на корисникот при што се применети врвни безбедносни стандарди.

Апликацијата МК е централен канал за онлајн комуникација за целокупното деловно работење на компанијата и ќе биде достапна за приватните (постпејд и припејд), а наскоро и за деловните корисници. Активирањето на Телеком МК апликацијата нуди бројни поволности за припејд корисниците, како што се двојно повеќе интернет при активирање интернет пакети и Cool бонус преку апликација, бесплатни 500 MB интернет за секој корисник што ќе надополни ваучер преку апликација. Исто така, секој нов корисник на припејд СИМ картичка од 399 денари може да активира бесплатен 1 GB интернет преку Телеком МК апликацијата. Дополнително, со активирање на Travel&Surf Balkan пакетот преку Телеком МК апликацијата, корисниците добиваат 2 GB интeрнeт за 699 денари.

Ова е заеднички проект на Дојче Телеком и засега ваква апликација за управување со телекомуникациски услуги и продукти е достапна уште во пет земји членки на Групацијата, со што на корисниците им се овозможува исто дигитално корисничко искуство, без оглед во која земја од ДТ семејството и да се наоѓаат.

„Во времето во кое живееме дигиталните алатки стануваат потреба и секојдневие за сите нас. Технолошките иновации се случуваат секојдневно и  не постои индустрија или област која ќе остане имуна на промените што ќе ги донесе дигитализацијата. Од една страна треба да се поедностават и да трансформираат деловните процеси, а од друга  да се понудат дигитални алатки кои би го олесниле секојдневието на еден модерен човек. Апликацијата Телеком МК е токму таква алатка, личен простор од каде што се управува со телеком сервисите, отсега со нови функционалности и уште повеќе поволности за корисниците“ – изјави Бранко Станчев, Главен комерцијален директор за приватни корисници.

Македонски Телеком останува да биде предводник на дигитализацијата во општеството и континуирано работи на подобруване на процесите со крајна цел соодветно да се одговори на потребите и барањата на граѓаните за современи и модерни услуги коишто ги диктира динамичното живеење.

*Промотивен текст

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе