Хроника

Тело на исчезнат велешанец пронајдено во водите на Вардар

12. јануари 2018 - 10:46 | Макфакс

Машко тело во фаза на распаѓање било пронајдено во текот на вчерашниот ден во водите на реката Вардар во близина на мостот кај селото Уланци, велешко.

Увид на местото, кај населението познато како „Горна Лака“ извршила екипа од СВР Велес.

Притоа било констатирано дека се работи за А.Н. (77), кој бил пријавен за исчезнат на 04 декември минатата година. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.

Коментирај