Идентификуван е женскиот труп што вчера околу 13 часот беше најден и изваден од водите на Вардар кај мостот во Горно Лисиче.
Починатата е идентификувана како 38-годишната Д.П. од Драчево, потврди МВР за МИА.
Телото вчера беше предадено на обдукција и врз него не се најдени траги на насилство.
По скопјанката Даниела П. се трагаше од понеделникот, 11 февруари, кога нејзиното исчезнување во полициската станица во Драчево го пријавил нејзиниот сопруг.