Росица, извини

Да, системот потфрли и уште една млада жена е убиена. Системот кој го гледаме како нешто надвор од нас, како туѓа творевина. Општеството од кое се гадиме и го отуѓуваме, со кое не сакаме да се идентификуваме. Системот и институциите потфрлаат веќе долго време и таму проблемите се бројни и комплексни, тука нема сомнеж. И одговорност мора да има.

Но, сè тргнува од нас како граѓани, како луѓе. Од тоа како го создаваме и одржуваме тој систем, од тоа како го храниме, од тоа што (не) очекуваме од него, но најмногу од тоа како ги третираме социјалните појави уште пред да се случи крајниот најнепосакуван исход – убиство.

Овој случај само уште еднаш потврди дека профилот на жртва и насилник не е хомоген, дека монструмите – како што сакаме да ги нарекуваме – се меѓу нас и ги храниме со гледање на другата страна, со неверување дека некој кој ни е близок би можел да биде способен за такви дела, со убедување дека родово базираното насилство е „приватен проблем“; и дека жртвата МОРА да биде совршена, таа мора да направи сè „како што треба“, да ги донесе сите правилни одлуки во животот, ама ете, „налетала на монструм“. Жртвата мора да биде безгрешна, а насилникот „монструм“.

А насилниците ги има во сите форми и облици, а оние за кои „просто не ни се верува“ се најголемите манипулатори, кои на почетокот на врската се слаткоречиви, грижливи, заштитинички настроени и посветени. Процесот на поткопување на самодовербата на пленот е внимателен, додека насилникот гради и одржува сосема поинаква слика за себе пред другите. Фактот дека многумина од нив добиваат заштита од својата средина - од тивко премолчување до отворено бранење - е уште една трауматична вистина. И конкретниот случај со Росица тоа го покажа болно јасно. Таа реагираше. Таа бараше помош. Таа не молчеше. А сепак, беше убиена. Од човек кој имал историја на насилно однесување, но сепак беше поддржуван, оправдуван, бранет од околината.

Тука стапуваме на сцена ние, другите. И ние сме одговорни кога не ѝ веруваме на „несовршената“ жртва, кога не ни се верува дека некој близок до нас е насилник, кога одлучуваме да не се мешаме бидејќи тоа „не е наш проблем“, кога не бараме одговорност од институциите кои ние ги сочинуваме и сме ги избрале.

Културата на оправдување на насилниците и сомневање во жртвите не е далечна и не е нечие туѓо зло. Таа е нашата реалност. Таа почнува од шеги кои минимизираат насилство, од родителски зборови кои ја префрлаат вината врз девојчињата наместо да ги учат момчињата на почит, од секојдневни „мали“ толкувања со кои жртвата е свртена кон огледало пред јавноста, а насилникот останува заштитен со тишина.

Животот се состои од избори и одлуки. Секојдневни. Да почнеме да ги правиме разумно и одговорно.

Оти ќе има уште Росици. Ама ја нема веќе Росица.

реклама

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Read more

Најмалку 96 загинати кај Сеута; Спасувачите: Глетката беше ужасна

Read more

Од последиците од невремето се создава нова вредност за Водно и Скопје – во подготовка нов моторички парк од паднатите дрвја

Read more

Како правилно да замрзнете малини за да нема мраз на нив?

Read more

Теми и коментари

Заборавениот Суперкуп

Read more

За прв пат во историјата во првата лига може да има само еден клуб од Скопје

Read more

Наредната сезона втората лига може да биде половина скопска

Read more

Згреши ли Седлоски со Трајковски и Миовски?

Read more

Ново

Мурињо практикува строгост во Реал: Едно правило спротивно на желбите на Мбапе

Читај повеќе
  • filter

По 6 години повторно отворена сувенирницата во Порта Македонија

Читај повеќе

Американска компанија стигна на Гренланд: Ќе дупчи за нафта без дозвола од локалните власти

Читај повеќе
  • filter

8 август 1786: Пакар прв го искачил Мон Блан

Читај повеќе

Италија го одби ултиматумот на Шпанија, Мадрид возвраќа со гранични контроли

Читај повеќе

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Читај повеќе

ВЛЕН: Дали Груби ја купува слободата со тајните на ДУИ

Читај повеќе

Најмалку 96 загинати кај Сеута; Спасувачите: Глетката беше ужасна

Читај повеќе

Сончево и многу топло со температури до 39 степени, попладне можен пороен дожд и грмежи

Читај повеќе