Температури до 38 °C: Како да се справите со жештините?

Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност.

Минималната температура ќе изнесува 12 степени, а дневната максимална ќе достигне 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје слично време. Утринската температура ќе биде 17 степени, а дневната ќе достигне до 36 степени Целзиусови.

Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има услови за краткотраен локален дожд.

Дневните температури ќе опаднат за три до четири степени. Потоа во наредните денови времето повторно ќе биде стабилно и многу топло.

Чувствителната популација, како децата, бремените жени, старите лица, болните од хронични заболувања, имаат намалена способност за прилагодување, па поради тоа, тие и нивните најблиски треба да посветат посебно внимание на грижата за здравјето и однесувањето во летните месеци.

Како да се справите со пеколните температури што следат?

Разладете го домот. Се препорачува одржување на собна температура пониска од 32 степени во текот на денот, а пониска од 24 степени во текот на ноќта. Ова посебно важи за децата помлади од две години, лицата постари од 60 години и хроничните болни.

Избегнувајте напорни физички активности. Доколку морате да ги извршувате, правете го тоа во најладниот дел од денот, што е помеѓу 4 и 7 часот наутро. Избегнувајте престој надвор помеѓу 10 и 17 часот. Не ги оставајте децата и животните во паркирани возила.

Хидрирајте се и разладувајте го телото. Туширајте се со разладена вода. Може да употребувате и ладни облоги. Носете лесна и удобна облека од природни материјали и во светли бои. Доколку излегувате надвор, носете капа со широка стреа или шешир. Редовно внесувајте вода во организмот.

Избегнувајте храна богата со протеини, избегнувајте алкохол, а намалете го и внесот на кафето и газираните безалкохолни пијалоци. Консумирајте помали, а почести оброци.

Внимавајте на роднините и пријателите. Редовно проверувајте како се членовите на вашето семејство, пријателите и соседите кои живеат сами. Чувствителната популација може да има потреба од помош во текот на ваквите денови. Доколку некој зема лекови, проверете со нивниот лекар дали тие лекови влијаат на терморегулацијата.

Побарајте помош доколку чувствувате вртоглавица, вознемиреност, малаксаност, интензивна жед или силна главоболка. Итно засолнете се во разладени простории и измерете ја телесната температура. Внесете вода во организмот. Доколку почувствувате невообичаени симптоми и доколку симптомите траат подолго, обратете се на лекар.

реклама

Македонија

Променливо облачно време со температури до 24°C

Read more

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Read more

Македонија денеска избира претседател: 7 имиња на гласачкото ливче

Read more

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more
 

Вести

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе