Темпирана бомба: Езеро кое може да експлодира секој миг

Голем облак со јаглерод диоксид се надвисна над езерото Ниос во долината во близина на границата меѓу Камерун и Нигерија на 21 август, 1986 година. Облакот усмрти 1.746 луѓе од околните села и над 3.000 животни.

Иако ова звучи како сценарио од хорор филм, беше сурова реалност за жителите на целото подрачје. Вулканската ерупција што се случила 400 години претходно направила огромен кратер во езерото во која со векови се насобирала огромна количина јаглерод диоксид.

„Длабоко под површината, гасот ‘отпатувал’ во подземјето и создал извори полни со јаглерод диоксид што по малку ‘протекувале’ во езерото’“, вели доктор Џорџ Клинг, биолог од Универзитетот на Мичиген.

Проблемот со јаглерод диоксидот е што се насобира и се „крева“ како во шише со газирана течност, вели тој и истакнува дека вистинската состојба, тој огромен притисок, не може да се види додека има капаче на шишето, што во езерото е тежината на водата.

„Во моментот кога ќе се крене капачето, тоа ќе експлодира како изматено шише со газиран пијалак, односно јаглерод диоксидот ќе избие на површината.“

Она што ќе го „притисне копчето“ за експлозија на езерото може да биде земјотрес или пороен дожд.

Вулканолозите и инженерите се обидуваат да го намалат ризикот од избивање на јаглерод диоксид кај ваквите езера кои ги има само три во светот, првенствено со помош на цевки ни кои се испумпува гасот.

Постои и опасност да се срушат природните брани од вулканска пепел и камења на едната страна од кратерот. Ако овие брани се срушат исто така може да дојде до вознемирување на езерото и ослободување на јаглерод диоксидот што е заробен на дното.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе