Тен Хаг: Не го ставив Роналдо бидејќи го почитувам

Манчестер Јунајтед доживеа дебакл во градското дерби против Манчестер Сити, а многумина се прашуваа зошто Кристијано Роналдо преседа на клупата за резерви и не влезе во игра.

Тренерот на „Црвените ѓаволи“ откри зошто португалската ѕвезда синоќа не одигра ниту минута, а неговиот тим се мачеше 90 минути.

„Нашиот настап беше неприфатлив. Навистина не очекував вакво нешто, ниту можев да си замислам. Во претходните натпревари нашата екипа покажа напредок, добра атмосфера и залагање. Нажалост, сега ништо од тоа не пренесоа на терен. Кога играте против играчи од топ класа, какви што има Манчестер Сити, морате да го дадете максимумот. Ние тоа не го покажавме, што е неприфатливо. Не сакав во игра да го ставам Роналдо од почит кон него и неговата голема кариера“, изјави Тен Хаг откривајќи зошто Роналдо синоќа не одигра ни минута.

Тој почна од клупата, а бидејќи уште по првите 45 минути Сити направи огромна предност водејќи со 4:0 со головите на Фил Фоден во 8. минута, Ерлинг Холанд во 34. и 37. и повторно Фоден во 44. минута, Роналдо сепак до крај остана на клупата. Во 56. минута Бразилецот Антони за момент ја врати надежта на Јунајтед, но потоа повторно на сцена стапија Холанд и Фоден (64. и 73.) за високи 6:1, а Антони Марсиал при самиот крај во 84. минута и првата од надополнувањето се погрижи за поблаг пораз од 6:3.

Remote video URL

Сити е втор на табелата со 20 бода и еден бод заостанување зад лидерот Арсенал, додека Јунајтед падна на 6. место со 12 бодови.

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Read more

Како Кина ја добива трговската војна?

Read more

Реал се распадна на терен: Летаа црвени и жолти картони

Read more

Фудбал

Наполи со победа над Јувентус се искачи на првото место во Серија А

Read more

Реал се распадна на терен: Летаа црвени и жолти картони

Read more

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Read more

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Read more
 

Спорт

Јокиќ руши неверојатни рекорди

Читај повеќе

Наполи со победа над Јувентус се искачи на првото место во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Реал се распадна на терен: Летаа црвени и жолти картони

Читај повеќе
  • play_arrow

Ландо Норис ја освои титулата во Формула 1 за прв пат во својата кариера

Читај повеќе

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Читај повеќе

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Читај повеќе

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе