Тендери со апсурдни цени од 0,01 денар

Центарот за граѓански комуникации денеска го објави извештајот од следењето на јавните набавки спроведени од институциите на централно ниво за периодот јануари – јуни 2017 година.

Меѓу клучните наоди од мониторингот се издвојуваат тендерите со апсурдни цени од 0,01 денар, што, како што е наведено во извештајот, го зголемува ризикот од можни манипулации во реализацијата на тендерот.

„Во тендерите кои беа предмет на мониторинг во првото полугодие од 2017 година, договори со цени на услугите од 0,01 денар беа склучени за набавка на услуга од мобилен оператор и за услуга од маркетинг агенција за маркетинг поддршка, а цена од 0.01 отсто за услуга за ангажирање на авторска агенција преку која ќе се реализира исплатата на авторски надоместоци. Притоа, во набавката на услуга од мобилен оператор, цената од 0,01 денар е добиена за минута разговор кон сопствената мрежа, кон останатите национални мобилни и фиксни мрежи по надминување на вклучените бесплатни минути за линиите во предвидените пакети и е доставена од два мобилни оператори на првичното доставување на понудите. Притоа, двата понудувачи ја дале најниската можна цена со оглед на тоа што во тендерската документација за оваа набавка е наведено: ‘Понудената цена која ќе биде предмет на електронската аукција не смее да содржи повеќе од две децимали и најниска можна понудена вкупна цена на листата без ДДВ е 0,01 денар. Секоја понуда која нема да ги задоволи овие услови ќе се отфрли како неприфатлива’“, пишува во извештајот.

Она што е особено проблематично во мониторираниот тендер за набавка на услугата од мобилен оператор, стои во извештајот, е дека на огласот којшто е објавен на Електронскиот систем за јавни набавки во 10:02 часот првата понуда стигнала во 10:10 часот, а втората во 10:38 часот.

„Со оглед на тоа што и двата мобилни оператори доставиле цена од 0,01 денари во согласност со условите наведени во тендерската докуменатација: ‘Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата, за најповолна е избрана прво доставената понуда’. Можноста за 8 минути да се достави понуда во електронски водена постапка, иако е крајно нереална, не е оспорена ниту од добавувачот, ниту, пак, од конкурентот. Останува нејасно како е можно за 8 минути да се прочита тендерска документација од 32 страни, да се направат пресметки за најниската цена за 4 тарифни модели наменети за 1.568 мобилни претплатнички линии, да се пополни образецот на понудата, да се пополни листата на цени и рокови за извршување и да се потпишат изјавите за сериозност на понудата и за независност на понудата од надлежните лица“, се вели во извештајот.

Следниот тендер во којшто е постигната цена од 0,01 денар е за набавка на услуги од маркетинг агенции. Првичните цени доставени за оваа услуга од страна на три фирми се движеле од 110 илјади до 484 илјади денари. На е-аукција која траела 1 час и 20 минути, најниската цена од 110 илјади денари е намалена на само 0,01 денар.

„Договорот склучен по оваа цена значи дека за 0,01 денар, фирмата која го добила тендерот ќе треба да нуди креативни решенија, да наплатува агенциска провизија за закупување на медиумски простор и да реализира маркетинг кампања“, стои во извештајот.

Третиот ваков евидентиран случај е за набавка на услуги од авторска агенција, а цената исто така е постигната на е-аукција, откако првично шесте агенции кои учествувале на овој тендер доставиле понуди од 1,20 до 3,98%. По спроведената е-аукција, договорот е склучен со понудувач којшто ќе наплатува провизија за извршената услуга од 0,01%.

„Во сите три случаи договорите се склучени без да се примени членот 163 став 1 од Законот за јавни набавки, каде што се вели: Доколку одделна понуда содржи невообичаено ниска цена која е значително пониска од реалната пазарна цена, што предизвикува сомнеж дека договорот ќе биде извршен, договорниот орган од понудувачот бара во писмена форма и пред одбивање на понудата, детали околу понудата за кои смета дека се важни и ги проверува доказите што биле доставени за оправдување на цената на понудата“, се наведува во извештајот.

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Read more

Како Кина ја добива трговската војна?

Read more

Дали пиењето шотови маслиново масло е добро за здравјето?

Read more

Македонија

Денеска се празнува Свети Климент Охридски

Read more

Милошоски: Во Македонија нема да се градат бегалски кампови

Read more

Променливо време и температури до 14°C

Read more

Гужва на границите: На „Дојран“ и „Табановце“ се чека и по 40 минути

Read more
 

Вести

ЕУ драстично ги заострува ограничувањата за мигрантите

Читај повеќе

Скопјанка измамена за 170.000 денари со повик за лажна сообраќајка

Читај повеќе

Денеска се празнува Свети Климент Охридски

Читај повеќе
  • filter

Студенти „светнаа“ две слики на мајсторот Мартиновски

Читај повеќе
  • play_arrow

Трамп: Разочаран сум од Зеленски

Читај повеќе
  • play_arrow

Милошоски: Во Македонија нема да се градат бегалски кампови

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајланд ја нападна Камбоџа

Читај повеќе

Како Кина ја добива трговската војна?

Читај повеќе

Цените на нафтата благо растат втора недела по ред

Читај повеќе