Тенерифе: Петгодишно дете ја однесе полицијата до мртвите тела на мајката и братот

Шпанската полиција ги најде телата на жена од Германија и нејзиниот 10-годишен син во пештера на островот Тенерифе и го уапси нејзиниот сопруг.

Локалните медиуми пишуваат дека другото дете на двојката, петгодишно момче, било најдено извалкано со кал и расплакано, откако некое време лутало само низ планината во близина на Адехе.

Локалните жители кои го нашле го однеле во полиција каде детето кажало дека мајка му и брат му се мртви во пештера.

Потрагата по жртвите беше тешка со оглед на тоа дека во оваа област има многу пештери. Жртвите биле најдени со помош на детето, а таткото подоцна бил уапсен во неговиот стан на Тенерифе.

Жртвите најверојатно биле претепани до смрт, но не се знае дали починале во пештерата или телата биле однесени таму.

Случајот се води како семејно насилство.

Таткото, Германец по националност, бил пријавен како жител на областа Адехе на Тенерифе. Канарските Острови се многу популарни за туристите од Германија и Велика Британија.

Според весникот El País, мајката наводно пристигнала со двете деца на Тенерифе во понеделникот, во посета на сопругот.

Истрагата е во тек.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе