Тенисер кој фати корона во САД: Не го пуштаат Ѓоковиќ, а сами не ги почитуваат правилата

Новак Ѓоковиќ, според сите проценки, нема да може да настапи на УС Опен бидејќи властите на Соединетите Американски Држави не му дозволуваат да влезе во земјата како невакциниран.

Милман и Ѓоковиќ на финалето во Токио 2019

Претходните денови многу американски тенисери му дадоа поддршка на Ѓоковиќ, а Австралиецот Џон Милман даде најконкретен пример за бесмисленоста на одлуката на американските власти.

На крајот на јули, Милман учествуваше на АТП турнирот во Атланта. Како што истакна, многу малку луѓе ги следат правилата за корона во САД, кои најдобро го чувствувал на своја кожа бидејќи се заразил со коронавирусот.

„Имам корона. Бев во САД и не добив чувство дека многу луѓе следат какви било правила или препораки во таа земја. Во ред е, но тогаш не можам да разберам зошто Новак Ѓоковиќ не може да влезе во земјата и да се натпреварува“, напиша 33-годишниот Милман.

„Да бидам јасен: ако сите во САД ги следат правилата, тогаш би поддржал дека може да се влезе во земјата само со вакцина. Но, според она што го видов, никој не ги следи, дури и турнирот дозволува невакцинираните да играат , а само 30% добиле бустер доза...“, додаде тенисерот кој е на 76. место во светот.

URL

Милман играше против Ѓоковиќ во финалето на Јапонија опен во 2019 година во Токио, кога српскиот тенисер победи со 2:0 (6-3 и 6-2).

УС Опен започнува на 29 август, а потсетуваме дека Ѓоковиќ неодамна го освои Вимблдон и со тоа стигна до 21. Грен слем титула во кариерата.

реклама

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Експертите предупредуваат на „тивкиот убиец“ без симптоми

Read more

Тенис

Бартоли: Ѓоковиќ да беше Американец ќе имаше споменик во секој град

Read more

Сведоштво на француска тенисерка: Тренерот ме силуваше 400 пати за две години

Read more

Новак: Не ми недостасуваат Надал и Федерер

Read more

Шок во светот на тенисот: Донеодамна најдобрата тенисерка суспендирана 4 години

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Џанг спектакуларно го нокаутира Џојс

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо во арапска носија изведе бедуински танц со меч

Читај повеќе

Mundo Deportivo: Модриќ наскоро ќе биде во тимот на Меси

Читај повеќе

Томас Милер има 100 победи во ЛШ

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо не доби пенал, па му се налути на судијата

Читај повеќе

Капело објасни зошто Јувентус има предност во трката за Скудетото

Читај повеќе

Дрес од МЗТ за градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс

Читај повеќе

И Интер добива сопственик од Блискиот Исток?

Читај повеќе

Хамилтон пред Јапонското ГП: Се надевам Ред Бул нема да биде 30 секунди пред сите

Читај повеќе