Тенис

Тениска класика: Федерер против Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон

13. јули 2019 - 11:38 | МИА/КАЈГАНА

Двајца од најдобрите тенисери на сите времиња ќе ја почестат публиката на Вимблдон со уште еден меѓусебен дуел, овојпат во финалето на најпрестижниот турнир во светот. Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер ќе ги одмерат силите по четврти пат на Вимблдон.

Шпанецот Рафаел Надал вчера загуби со 6-7 (3), 6-1, 3-6, 4-6 и го забележа својот 16-ти пораз од Федерер, кој утре ќе спори со Ѓоковиќ за трофејот на турнирот.

Според Надал, Федерер секогаш ги прави „најтешките работи многу лесно“.

„Тој навлегува во теренот побрзо од било кој друг. Постојано го става противникот под притисок затоа што ја зема топката порано од било кој друг. Ова е веројатно најтешката работа и тој го прави тоа многу добро“, додаде Шпанецот.

Првиот тенисер на светот, со 3:1 во сетови, односно 6:2, 4:6, 6:3, 6:2 во гемови беше поуспешен од Баутист-Агу.

Српскиот тенисер на финалето ќе се бори за својата петта титула на Вимблдон, што ако ја освои би била втора по ред. Единствениот пораз на Новак во финалето се случи во 2013 година против Енди Мареј.

Коментирај