Тениските ѕвезди се обидоа да зборуваат арапски, Ѓоковиќ кажа најмногу

Најдобрите светски тенисери моментално се во Катар, каде ќе се натпреваруваат на АТП 500 турнирот во Доха, а по тој повод добија можност да се претстават и да откријат што можат да кажат на арапски јазик.

Најголема ѕвезда на турнирот во Доха ќе биде Новак Ѓоковиќ, кој успешно се опорави од повредата. Српскиот тенисер се здоби со повреда на Австралија опен, но успеа да се врати по само еден месец.

Ѓоковиќ по пристигнувањето во Доха успеа да приреди шоу заедно со колегите од тениската елита. Организаторите им дадоа можност на тенисерите да се претстават со зборовите што ги знаат на арапски.

Покрај Ѓоковиќ, во арапска облека беа облечени и Карлос Алкарас, Григор Димитров и Стефанос Циципас, а четворицата се обидоа да кажат по некој збор на арапски.

Секако, Ѓоковиќ беше најголемиот хит и успеа најмногу зборови да каже на арапски.

„Мерхаба, иншалах, алхамдулилах“, беа зборовите на Ѓоковиќ кои предизвикаа воодушевување кај арапските фанови во коментарите на социјалните мрежи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Qatar Tennis (@qatartennis)

Инаку, Ѓоковиќ е познат по тоа што се претставува на локалниот јазик каде и да се појави на турнирите. Така се здоби со симпатии од навивачи од Кина до Италија.

Ѓоковиќ зборува англиски, шпански, германски, италијански, француски и руски, а повремено покажува и познавање од кинески.

реклама

Тенис

Ѓоковиќ сруши рекорд на Надал

Read more

Ѓоковиќ: Ќе продолжам да играм, да видиме колку ќе издржам

Read more

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Read more

Ѓоковиќ ќе игра во Монте Карло

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 одлични фудбалери кои се ужас за нивните репрезентации

Читај повеќе

Мајк Тајсон: Али ќе ме победеше и во моите најдобри денови

Читај повеќе
  • play_arrow

Сите голови од вчерашното второлигашко коло

Читај повеќе

Платини и Блатер ослободени од обвиненијата за измама и фалсификување

Читај повеќе

Времеплов: Кога Сити стави голман во нападот за да победи

Читај повеќе

Билетарницата на Арената денеска ќе работи од 10 до 18 часот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лејкерс се непрепознатливи: Дончиќ и Леброн добија нова шлаканица, трета по ред

Читај повеќе

Ван Дајк заминува од Ливерпул?

Читај повеќе

Ѓоковиќ сруши рекорд на Надал

Читај повеќе