Фудбалерите на Барселона синоќа ѝ гостуваа на Црвена звезда на „Маракана“ во Белград каде остварија победа од 5:2 во натпреварот од 4. коло од Лигата на шампионите.
Барса го декласираше српскиот шампион со двата гола на Роберт Левандовски и по еден на Ињиго Мартинес, Рафиња и Фермин Лопес, а стрелци за Звезда беа Силас и Милсон.
Голем број шпански новинари синоќа беа во Белград, а снимката што ја направи новинар на каталонски Sport стана многу популарна на социјалната мрежа Х.
Спортскиот новинар Иван Сан Антонио останал зачуден кога видел тенк пред „Маракана“, оклопно воено возило кое пред пет години го поставија навивачите на овој клуб во близина на стадионот на Звезда.
Тогашниот министер за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, објасни дека тоа е всушност макета и дека нема опасност за посетителите, но и после тоа на многумина не им е јасна целта со поставувањето на тенкот пред стадионот.
„Што прави ова овде?“, зачудено го праша Каталонецот.
¿Alguna vez habías visto un tanque al lado de un estadio de fútbol?🤯
— Diario SPORT (@sport) November 6, 2024
💢Hoy, el campo donde juega el Barça, cuenta con uno...¿Por qué?
🎙️Ivan San Antonio pic.twitter.com/RjRCmOkORQ
Инаку, се работи за руски тенк Т-55 кој пред секој натпревар на Звезда привлекува големо внимание кај навивачите и посетителите на стадионот.