По прекинувањето на денешното продолжение на конститутивната седница, продолжува напнатата ситуација во Собранието.
Парламентарното мнозинство на СДСМ, ДУИ, БЕСА и Алијанса за Албанците се уште стојат и извикуваат „Гласање, гласање“, бараат избор на нов претседател на Собранието.
Инаку, претходно Зекирија Ибрахими од Беса ја испеа албанската химна и рече дека ја почитува. Тоа беше само повод Трајко Вељановски да ја прекине седницата и ја презакажа за утре во 11.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се на нозе во Собранието, додека пратениците на ДУИ и Беса се на своите места во салата.