Тереза Меј се заглави во автомобил додека Меркел ја чекаше на дожд

Британската премиерка Тереза Меј денеска на кратко беше оневозможена да излезе од автомобилот кога стигна на средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, бидејќи се заглави вратата на автомобилот.

Припадничка на обезбедувањето на Меј која требаше да ја пречека, се обиде да ја отвори вратата, но беше блокирана. Сепак, по неколку обиди и со помош на колегата, успеа да ја отвори вратата, додека Меркел чекаше на дождот.

Меј допатува на средба со Меркел во Берлин, пред да замине за Брисел на разговори со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и со првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск, во пресрет на Самитот на ЕУ закажан за во четврток.

Британската премиерка на овие средби се обидува да го спаси постигнатиот Договор за Брегзит, откако вчера го одложи гласањето по него во Парламентот во Вестминстер, што беше предвидено за денеска. Портпарол на Меј денеска соопшти дека гласањето ќе се одржи пред 21 јануари идната година.

Меј изјави дека ѝ се потребни „дополнителни уверувања“ во врска со границата меѓу Ирска и британската покраина Северна Ирска, со цел да обезбеди поддршка од пратениците во Долниот дом на Парламентот.

Во пресрет на средбата со Меј, Јункер изјави дека не постои можност за преразгледување на договорот, нагласувајќи дека е изненаден од најавите на британската премиерка дека ќе се обиде да ги предоговори условите за Брегзитот.

– Нема простор за предоговарање, единствено постои можност за појаснување и толкување, но без преразгледување на текстот. Тоа треба да им биде јасно на сите, додаде Јункер.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Свет

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Read more

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Read more

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Read more

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Read more
 

Вести

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Читај повеќе

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Читај повеќе

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Читај повеќе

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица го објави својот предизборен спот

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Читај повеќе

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Читај повеќе

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Читај повеќе

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Читај повеќе