Терминатор, ти си?

Роботот, кој е значително помал од Т-1000, може да се стопи, да избега од кафезот лизгајќи се низ решетките, а потоа да се претвори во цврста форма.

Научниците создадоа робот кој се топи и може да ползи низ решетки - исто како и познатиот Т-1000 од вториот дел од филмската франшиза „Терминатор“.

Засега овој робот е значително помал од Т-1000, но може да се стопи, да избега од кафезот лизгајќи се низ решетките, а потоа да се претвори во цврста форма и да ги извршува задачите што му се доделени.

Металниот микробот е создаден од течни метални микрочестички кои може да се контролираат и преобликуваат со надворешни магнетни полиња. Но, за разлика од филмот, пронаоѓачите на овој робот веруваат дека нивното откритие може да се искористи за добро, особено во клинички и механички услови - досегнување до тешко достапни простори. Научниците ги објавија своите наоди во списанието Matter.

„Потенцијално, овој состав на материјали може да се примени во флексибилна електроника, здравство и роботика“, изјави за The Washington Post Ченгфенг Пан, инженер од кинескиот универзитет во Хонгконг.

Со изложување на роботот на наизменична струја магнетни полиња, научниците ја зголемија неговата температура и предизвикаа тој да премине од цврста во течна состојба за минута и 20 секунди. Откако ќе се трансформира во течен метал, со фигурата може да се ракува преку тесни отвори со повеќе магнети.

Во својата течна форма, роботот може да се прошири, дели и спојува. Во својата цврста форма беше управуван со брзина поголема од 5 км/час и носеше тешки предмети со тежина до 30 пати поголема од неговата тежина.

Роботот направен од таков материјал може да се користи за поправка на електроника на тешко достапни места. Во друг експеримент, истражувачите покажаа како робот може да биде распореден во модел на човечки стомак за да отстрани несакано туѓо тело. Научниците го управувале роботот во цврста форма, широк околу 1 см, низ лажниот орган додека не го лоцирал туѓиот предмет. Потоа се стопи со далечински контролирани магнетни полиња, се протегаше во својата нова состојба на течен метал околу објектот - и откако безбедно го обвитка - се олади назад во цврста состојба, дозволувајќи му да го одвлече туѓото тело надвор од комората.

Remote video URL
Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе