Терористичката група ИДИЛ објави застрашувачка закана со која најави напад на светското првенство во Русија кое ќе се одржи следното лето.
Терористите објавија фотографија на која се гледа вооружен член на оваа организација со автоматска пушка, а покрај него се наоѓа бомба.
На фотографијата стои и опис: За непријателите на Алах во Русија, се колнам дека ќе ве запали огнот на муџахид. Само почекајте“, стои во пораката.
Објавена е и фотографија од аргентинскиот репрезентативец и фубалер на Барселона Лионел Меси, кој крвари од едното око и носи затворска облека.
Оваа закана пристигна нешто пред доаѓањето на Аргентинците на мини турнеја во Русија, каде ќе се игра на еден стадион кој е мета на ИДИЛ.
Вториот најголем руски град, Санкт Петербург, беше мета на ужасниот напад на ИДИЛ кога експлодираше бомба сместена во актовка. Во тој напад загинаа 14 луѓе.