Тешка несреќа пред релито во Хрватска, ирски возач почина на лице место

За време на тренинг-возењето во пресрет на натпреварот WRC Croatia Rally, околу 12:40 часот возило излетало од локалниот пат 2201 во Лобор, кај Златар.

Возачот со предниот лев крај удрил во дрвена бандера и починал на лице место, а сопатникот не бил повреден, информираат од ПУ Крапино-Загорска. Загинатиот е ирскиот возач Крег Брин, кој возеше за тимот на WRC Hyundai и беше блиску до врвот во конкуренцијата.

Се огласија од Hyundai Motorsport

Се огласија од Hyundai Motorsport, одделот на јужнокорејскиот производител на автомобили што се занимава со мотоспорт.

„ Hyundai Motorsport со длабока тага потврди дека возачот Крег Брин го загуби животот денеска во несреќа за време на тестот пред WRC Croatia Rally. Совозачот Џејмс Фултон не беше повреден во несреќата што се случи по пладне по локално време. Hyundai Motorsport упатува најдлабоко сочувство до семејството на Крег, пријателите и неговите до многубројните фанови“, велат од Hyundai и додаваат дека во овој момент нема да даваат дополнителни коментари.

URL

Од ПУ Крапинско-Загорска велат дека немаат други информации за несреќата.

Полициската истрага е во тек.

На местото на настанот има неколку полициски возила.

Кој е загинатиот возач?

Крег Брин беше искусен рели возач, тој дебитираше во WRC уште во 2009 година, минатата сезона го освои вкупно седмото место во Светскиот шампионат, додека по првите три трки оваа година беше на шестата позиција на СП. Во текот на кариерата осум пати се искачи на подиумот на Светскиот куп, последен пат во февруари годинава кога го освои второто место во Шведска, а победи на 30 брзински тестови на релито WRC.

Брин учествуваше и на првите две изданија на Croatia Pally бидејќи оваа трка беше вклучена во календарот на WRC, во 2021 година го освои осмото место, а минатата година четвртото.

реклама

Направете брз тест со ладна вода и дознајте дали имате здраво срце

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Read more

По три месеци - ниту трага, ниту глас од внукот на Љубе Бошкоски

Read more

Останати спортови

Фјури му испрати договор на Џошуа за борба на Вембли во септември

Read more

Миленкоски: Одбојкарите се подготвени за стартот на Европската златна лига

Read more

ОФМ ги отвора вратите: Бесплатен влез за мечевите на Македонија во Европската лига

Read more

Фјури откачи бидејќи никој не сака да се бори со него

Read more
 

Спорт

Официјално: Почетино е новиот менаџер на Челси

Читај повеќе

Во Англија не го сакаат, но: Калчо гигантите се тепаат за Мегваер

Читај повеќе

Ѓоковиќ напиша на камерата: Косово е срцето на Србија. Стоп за насилството

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ успешно стартуваше на Ролан Гарос

Читај повеќе

Пиоли: Милан мора да се засили за да биде конкурентен

Читај повеќе

Го нема Лева - нема голови: Никој не постигна ни 20 гола во Бундеслигата

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најлоши фудбалски позајмици на сите времиња

Читај повеќе

Голманот на ПСЖ приклучен на апарати откако падна од коњ

Читај повеќе

Додека ПСЖ славеше титула, Нејмар играше покер  - пријавил дека е повреден

Читај повеќе