Тешка победа на Вардар кај ПИК Сегед

Ракометарите на Вардар со победа го минаа тешкото гостување кај ПИК Сегед во 11 коло во Лигата на шампионите. Вардарци славеа со 23:21 (12:11).

Вардар не блескаше, не успеваше да го најде вистинскиот ритам во нападот, но благодарение на Арпад Штербик кој блескаше на голот и луцидноста на Тимур Дибиров во финишот на мечот, успеа да извлече тешка, но заслужена победа кај ПИК Сегед.

Двете лоши серии без постигнат гол можеа да го однесат Вардар и во пораз. Првата во првото полувреме, кога на противникот му дозволија да се врати од негативата 6:9, а втората во второто полувреме, кога десетте минути без постигнат гол му овозможија на ПИК Сегед серија од 5:0 и водство од 16:14.

Сепак Вардар на крилјата на брилијантниот Штербик во последните 10 минути направи серија од 2:5, а до победата стигна со голот на Дибиров кој најпрвин пресече напад во последната минута, а потоа го совлада Сијера.

Арпад Штербик го предводеше Вардар со 14 интервенции, а најефикасни беа Карачиќ со шест и Дибиров со пет голови.

Вардар со оваа победа ја задржа првата позиција на табелата во Б групата со 16 бодови. Македонскиот првак во наредното коло ќе го пречека Цеље на 25 февруари. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе