Центарот на Оклахома, Чет Холмгрен, доживеа пех и тешка повреда бидејќи по пад ја скрши карлицата и ќе отсуствува неколку месеци.
Талентираниот центар на Оклахома Сити Тандер заработи повреда на средината од првата четвртина од дуелот со Голден Стејт Вориорс. Тргна за да го спречи продорот на Ендрју Вигинс, а потоа изгуби рамнотежа по скокот и падна на десниот колк.
Од клубот по мечот соопштија дека заработил фрактура на карлицата, а точно колку време ќе биде надвор од терените ќе биде соопштено во наредните недели бидејќи е потребна и хируршка интервенција.
Chet Holmgren had to be helped off the floor after this hard fall.
— Courtside Buzz (@CourtsideBuzzX) November 11, 2024
Get well soon, Chet! 🙏 pic.twitter.com/72yMEOl6tw
Тоа е лоша среќа и за младиот центар и за Оклахома. Холмгрен имаше одличен почеток на сезоната, со просек од 18,2 поени, 9,2 скока и 2,9 блокади. Со 26 банани тој е вториот блокер во НБА зад Вембанјама. Холмгрен ја пропушти и првата НБА сезона поради повреда, а прашање е кога ќе се врати на паркетот.
Оклахома има скор 8/2, а на центарската позиција сега им остана само германскиот репрезентативец Ајзеа Хартенштајн, кој нема настап од стартот на сезоната поради скршеница на левата рака.