Хроника

Тешка сообраќајка на булевар „Теодосиј Гологанов“

12. октомври 2018 - 18:02 | МИА

Скопје, 12 октомври 2018 (МИА) - Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево меѓу возило „ситроен Ц4“ со тетовски таблички и моторцикл, на бул. „Митрополит Теодосиј Гологонов“ кај Млечниот ресторан.

Од МВР соопштија дека несреќата се случила околу 15.40 часот, сѐ уште се прави увид на местото и засега не соопштуваат официјални податоци за повредени и за причината на несреќата.

Коментирај