Тешки казни и правила за Австралија Oпен: Апсењето тенисери е опција

Организаторите на Австралија Опен најавија драконски казни за сите учесници кои не ги почитуваат мерките и правилата за карантин во Мелбурн пред почетокот на првиот Грен слем турнир во тениската година.

Сите учесници на првиот Грен слем годинава мора да пристигнат во Австралија најдоцна до 15 јануари со специјално организирани чартер летови, а потоа треба да поминат две недели во строг карантин и да можат да тренираат пет часа на ден.

Останатото време ќе треба да го поминат во хотелот, а покрај веќе споменатите мерки, тенисерите ќе имаат ограничен број членови на тимот со кои ќе соработуваат и во првата недела ќе имаат право на само еден партнер за обука.

„Ако има какво било кршење на правилата, играчите ќе бидат депортирани и казнети. Нашата цел е да ја обезбедиме заедницата, но и самите играчи. Не сакаме никој да биде изложен на ризик“, соопшти организацијата на турнирот.

Секое лице кое ќе замине од карантин, сигурно ќе добие парична казна од 19.000 долари, а истите правила важат и за тенисерите и членовите на нивниот тим.

Се наведува дека непочитувањето на правилата може да доведе до автоматско дисквалификување и конфискација на заработката, депортација од Австралија, па дури и апсење од страна на локалните власти.

Австралија Опен, првиот Грен слем во сезоната, треба да започне на 8 февруари 2021 година.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе