Скопје, 14 јануари 2021 (МИА) – На крстосницата од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ и улицата „Ферид Бајрам“ во Скопје вчера патничко возило „Форд Фиеста“, со скопски регистарски ознаки, удрило во пешакот Р.Ц.( 61) од Скопје.
Возачот заедно со возилото побегнал од местото на несреќата.
Како што соопшти МВР, во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.