Дваесет и четиригодишен велосипедист е тешко повреден во сообраќајка што се случила вчера во Скопје, информира во редовниот Билтен Министерството за внатрешни работи.
Како што соопшти денеска МВР, на полноќ било пријавено дека во комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди здобиени од сообраќајна незгода бил донесен Б.П. (24) од Скопје.
Б.П. синоќа, околу 22:15 часот, додека со велосипед се движел во населбата Илинден бил удрен од непознато патничко моторно возило, управуван од засега непознат возач, кој по незгодата го напуштил местото на настанот.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.