Тешко повредени мотоциклист и велосипедист

Скопје, 8 јули 2019 (МИА) – Мотоциклист и велосипедист се здобиле со тешки телесни повреди, а 12 лица се лесно повредени во девет  од вкупно 23 регистрирани сообраќајни незгоди изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во 14 сообраќајки е причинета материјална штета.

Поради поголема брзина од дозволената од сообраќај се исклучени 130 возачи, 51 возач под дејство на алкохол, 74 пред да се стекнат со право на управување моторно возило, како и 12 возачи почетници.

Од сообраќај се исклучени и 59 нерегистрирани возила и едно возило за претовар.

За непрописно паркирање се издадени 143 казни, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 107 возила.

Санкционирани се и тројца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин, 17 возачи кои поминале крстосница на црвено светло, четворица кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, тројца за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување и еден возач кој не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница.

Казнети се и 65 возачи за некористење на заштитен шлем на вел со мотор, мопед и мотоцикл, 12 за неносење сигурносен појас за време на управување на моторни возила и 27 за користење на мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Хроника

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Read more

Возач од Скопје удри малолетник, детето со тешки повреди пренесено во Градската општа болница

Read more

Три скопјанки искасани од кучиња скитници

Read more

Двајца загинати во сообраќајката на патот Штип-Кочани

Read more
 

Вести

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе