Илон Маск отсекогаш имал големи идеи…

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, соопшти дека новиот модел на Cybertruck ќе биде „доволно водоотпорен за накратко да послужи како чамец што може да поминува низ реки, езера и мориња кои не се премногу разбранувани“.
Во коментар под објавата, Маск вели дека Cybertruck може да плови околу десет километри.
Cybertruck беше претставен на крајот на 2019 година и беше подготвен за производство и испорака на крајот на 2020 година, но компанијата неколку пати го одложуваше поради недостаток на простор за производство. И покрај тоа што дизајнот беше финализиран одамна, поради недостиг на делови и ограничувања во синџирот на снабдување, производството сè уште не е започнато. Според последните информации, производството ќе започне на почетокот на следната година во Gigafactory во Тексас.
За потсетување, најмоќната верзија на Cybertruck има три електромотори, погон на сите тркала и достигнува 100 км/час за три секунди. Досегот е над 800 км со максимална брзина од 209 км/час.