Електричната S класа

Tesla e минимализам во споредба со електричниот EQS на Mercedes

Многумина беа пријатно изненадени кога Mercedes-Benz пред неколку недели го претстави ентериерот на EQS. Сега, EQS се појави на патиштата и можеме да кажеме дека изгледа многу моќно.

Автомобилот забрзува до стотка за нешто помалку од четири секунди, а неговата максимална брзина е ограничена на 210 км/ч. Mercedes Benz EQS ќе доаѓа со две батерии со различен капацитет: 90 kWh и 107,8 kWh. За споредба, Tesla Model S има батерија од 100 kWh. Автономијата на ова електрично возило е импресивни 770 километри со едно полнење со посилната батерија. Кога е вклучен на брз полнач од 200 kWh, за само 15 минути добива енергија за 300 километри ново возење, што е многу побрзо и повеќе од конкуренцијата.

Веќе пишувавме за импресивниот екран на допир со големина од 55 инчи, кого Mercedes го нарекува Hyperscreen. Иако делува како еден голем екран, всушност се три споени помали екрани. Оперативниот систем користи вештачка интелигенција за да им лесни многу работи на возачите.

Импресивниот дисплеј користи и надополнета реалност, а навигацијата е многу полесна со 3D стрелките кои го покажуваат движењето, а кои се во видното поле на возачот. 

Hyperscreen го движи моќен процесор со 8 јадра и 24GB RAM, за да нема никакво доцнење или сецкање на самиот екран.

Погледнете како изгледа EQS во движење:

Remote video URL
Remote video URL
реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Авто новости

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Read more

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Read more

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Read more

Стокец од 10.000 евра!

Read more
 

Автомобили

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе

Стокец од 10.000 евра!

Читај повеќе
  • filter

Погледнете го единствениот Lanzante McLaren Senna GTR LM 25 во светот

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Мал, но моќен: Поздравете го потполно електричниот мал SUV Volvo EX30

Читај повеќе
  • filter

Porsche Panamera, Audi Q8 и Volkswagen ID.7 се победници!

Читај повеќе
  • play_arrow

Бензин, дизел или хибрид: Кое е најбрзото BMW од Серија 3?

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии од новиот Alfa Romeo: SUV Milano од секој агол

Читај повеќе