Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Паркингот на Chesterfield Mall во близина на Сент Луис во САД е преплавен со непродадени Tesla автомобили.

Трговскиот центар планирано е да се урне и ќе биде заменет со градба за мешана употреба.

Staenberg Group, сопственик на трговскиот центар, се обидува да ги извлече последните пари пред да се иселат последните кираџии на 31 август.

„Направивме план за да се обидеме да создадеме алтернативни намени за да можеме повеќе да го искористиме трговскиот центар пред да го урнеме. Еден од нив е да им дозволиме на луѓето да го користат паркингот за различни работи“,изјави за KTVI потпретседателот на Staenberg Group, Тим Лоу.

„Еден од нашите клиенти случајно е компанијата Tesla, која има изложбен салон во долината, но нема доволно капацитет да ги паркира сите автомобили што ги носат. Така тие изнајмуваат простор внатре на паркингот за да складираат автомобили“, рече тој.

Remote video URL

Лоу проценува дека најмалку 300 возила на Tesla се паркирани во трговскиот центар. Сепак, Tesla не го забавува производството. Неодамнешните снимки од беспилотни летала од фабриката во Фримонт, Калифорнија покажуваат автомобили кои сè уште излегуваат од производните линии со голема брзина.

Remote video URL
Тагови
реклама

Авто новости

Како најдобро да го заштитите автомобилот од кражба?

Read more

Audi ги претстави Q6 и SQ6 Sportback e-tron

Read more

Разбиен митот за минималната брзина со која може да возите на автопат во Германија

Read more

Honda повлекува 1,7 милиони автомобили: Сите имаат ист голем дефект

Read more
 

Автомобили

Како најдобро да го заштитите автомобилот од кражба?

Читај повеќе

Audi ги претстави Q6 и SQ6 Sportback e-tron

Читај повеќе

Разбиен митот за минималната брзина со која може да возите на автопат во Германија

Читај повеќе

Honda повлекува 1,7 милиони автомобили: Сите имаат ист голем дефект

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најатрактивното BMW оди во производство

Читај повеќе

Како да препознаете дали автомобилот што сакате да го купите бил поплавен?

Читај повеќе

4 шоферски грешки што може скапо да ве чинат

Читај повеќе

Новата верзија на Tesla Model 3 има досег од 702 километри

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Dacia Bigster: Огромен багажник и одлична цена

Читај повеќе