ПО ВРЕДНОСТ НА АКЦИИ НА БЕРЗАТА

Tesla го надмина Volkswagen, Елон Маск брои милијарди

Американскиот производител на електрични возила Tesla регистрираше раст на вредноста на акциите што беше доволен за да го тргне Volkswagen од првото место на листата берзански највредни автомобилски компании.

Вредноста на акциите на Tesla сега е поголема од 100 милијарди долари, а цената на акциите е двојно поголема во споредба со октомври кога оваа млада, но влијателна компанија забележа квартален профит каков што ретко се гледа.

Според овие податоци, можно е компанијата во следните 10 години да му исплати на својот директор Елон Маск бонуси од 2,6 милијарди долари.

Аналитичарите сметаат дека растот на цената на акциите е резултат на макотрпната работа на вработените и менаџментот на компанијата во изминативе неколку месеци. Меѓу другото, отворена е нова фабрика во Шангај која ги остварува зацртаните производни цели.

Tesla месецов соопшти дека во 2019 година на своите купувачи им доставила 367.500 автомобили, што е за 50% повеќе отколку во 2018 година.

Иако порасна вредноста на акциите на компанијата, продажбата на Tesla сепак е само зрно во споредба со она што го заработуваат водечките автомобилски компании.

Volkswagen во 2019 година испорача 11 милиони автомобили, а Toyota за 11 месеци во 2019 продаде 9 милиони возила.

Tesla исто така никогаш нема забележано годишен профит.

реклама

Бизнис

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more

Остар пад на цените на нафтата

Read more
 

Вести

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе