Tesla го претстави новиот SUV Model Y

Во период кога најактуелните случувања од автомобилскиот свет ги добиваме од Саемот во Женева, Tesla уште еднаш покажа дека не е само обичен производител, туку компанија многу различна од сите други на пазарот. Вчера во Калифорнија беше претставен новиот Tesla Model Y.

Пред само неколку години Tesla имаше огромна предност на пазарот бидејќи беше компанијата најголем дел од пазарот на електрични автомобили. Но, откако сите поголеми компании почнаа да произведуваат електрични возила, Tesla мораше да отиде чекор понатаму.

На автомобилскиот пазар се чувствува огромна побарувачка за SUV модели, па затоа Tesla го произведе Model Y. Од технички аспект, Model Y е базиран на Model 3 и може да се класифицира како кросовер, што му дава уште поголема предност, бидејќи во изминатите неколку години кросоверите и SUV возилата ги „убиваат“ седаните на пазарот.

Model Y е брз, подвижен и има пристапна цена, па затоа може да се очекува дека ќе ужива голема популарност кај купувачие од Европа, па и од целиот свет. Тој забрзува од 0 до 100 км/ч за само 3,5 секунди, а максималниот домет со полни батерии изнесува 480 километри. Автомобилот доаѓа во три пакети на опрема: Standard Range, Long Range и Performance.

Дизајнот на внатрешноста е минималистички и на средина има голем централен екран кој служи за контролирање на infortainment системот, како и за опционалниот Autopilot. Целата оваа опрема беше составен дел и од Model 3.

Сите верзии освен Standard Range ќе бидат достапни веќе од крајот на наредната година, а основиот модел ќе пристигне на почетокот на 2021 година по цена од 39.000 долари.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе