Tesla ја надмина Toyota, повредна и од Disney и Coca-Cola

Tesla, компанијата за производство на автомобили на Илон Мaск, се искачи на врвот на листата на највредните производители во 2020 година.

Според пазарната вредност, таа ја надмина Toyota и стана највредниот производител на автомобили во светот. Toyota е на второто место, додека Tesla е повеќе од двојно вредна од Volkswagen.

Најновите податоци покажуваат дека Илон Маск повторно го зазеде врвот. Пазарната вредност на Tesla сега е околу 184 милијарди американски долари, што е за 4,3 милијарди повеќе од Toyota.

Tesla исто така е повредна од Coca-Cola, Disney, Cisco, Merck и ExxonMobil.

Во изминатата година, акциите на Tesla пораснаа за речиси 350 проценти, достигнувајќи проценета вредност седум пати поголема отколку во исто време минатата година. Многумина сè уште сметаат дека компанијата на Маск е преценета, со оглед на количината автомобили испорачани во светот.

Многумина сметаат дека Tesla е технолошка, а не автомобилска компанија. Во изминатите 12 месеци, заклучно со 31 март 2020 година, Tesla испорача нешто помалку од 400.000 електрични возила во светот.

Сега на берзата во Њујорк има само 19 компании кои се повредни од Tesla.

Тагови
реклама

Од вторник Земјата влегува во златно време на сончевите затемнувања

Read more

Подгответе ги највкусните тортиља пици за само неколку минути

Read more

Каде најчесто грешиме со пиењето кафе во текот на денот?

Read more

Утре почнува Годината на Огнениот Коњ: Што предвидува кинескиот хороскоп за секој знак?

Read more

Бизнис

Не е руски, туку американски гас: Европа паѓа во нова стапица?

Read more

Вреди 400 пати повеќе од злато: Кој е најскапиот метал?

Read more

Ватикан создава свои берзански индекси за САД и еврозоната

Read more

Пилотите и кабинскиот персонал на Lufthansa утре почнуваат штрајк

Read more
 

Вести

Левица: Додека граѓаните се туркаат со доживотен закуп, владата го претвора домувањето во извор на профит за странски фондови

Читај повеќе

ССМ утре од 11 часот ќе ја блокира Владата

Читај повеќе

Естонскиот министер за надворешни работи: НАТО ќе ја нападне Русија ако Путин ги нападне Балтичките земји

Читај повеќе

Утре со врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни, на повисоките места дожд и снег

Читај повеќе

Да не се потпаѓа на шпекулации, Македонија продолжува со дијалог, велат од Транспорт за проблемот со превозниците

Читај повеќе

Менаџер на продавница во Чаир украл 2,7 милиони денари, парите од дневниот промет си ги ставал во џеб

Читај повеќе

За една недела 4.490 сообраќајни прекршоци регистрирал Безбеден град

Читај повеќе

Русите реагираа на обвинувањата дека го отруле Навални

Читај повеќе

Не е руски, туку американски гас: Европа паѓа во нова стапица?

Читај повеќе