Tesla како Којотот: Aвтопилотот измамен од ѕид со слика од пат

Како сензорите на Tesla се споредуваат со LiDAR системот? Не многу добро.

Технологијата за автопилот во автомобилите е нешто на што производителите неуморно работат. Постојат различни пристапи, а Марк Робер, популарен американски јутјубер и инженер, сакаше да открие како сензорскиот систем во автомобилот на Tesla се споредува со LiDAR системот. Во својот експеримент, Робер отиде дотаму што ја заби Tesla Model Y во ѕид на кој се наоѓаше со слика од пат, сето тоа за да ги демонстрира несовршеностите на патентираниот сет на сензори на компанијата.

Одамна е познато дека Tesla активно се ослободува од „излишните“ сензори во своите електрични автомобили, постојано повторувајќи дека човечките очи и мозок се доволни за да се процени ситуацијата на патот. Во моментов, активните системи за помош на возачот на Tesla се потпираат првенствено на податоците од серија камери инсталирани во возилото. Сепак, повнимателните производители на автомобили претпочитаат да додадат барем ултразвучни сензори, но технологијата на оптички радар (LiDAR), која препознава пречки дури и во услови на слаба видливост, се смета за далеку подобро решение во индустријата.

Блогерот Марк Робер ги спореди перформансите на системите за автопилот опремени со LiDAR и оние што се потпираат исклучиво на камери. Во првиот случај, беше тестиран прототип базиран на кросовер Lexus со дополнителна опрема, вклучувајќи го и LiDAR. Од друга страна, стандардниот систем за возила Tesla Model Y беше тестиран под истите услови. По низа експерименти, се покажа дека Tesla не може да открие пешачка кукла при густа магла или силен дожд.

Покрај тоа, Tesla Model Y падна на главниот тест, кој бараше најтемелна подготовка. Роберт буквално го блокираше патот со ѕид покриен со фото-тапет, што од перспектива на возачот создава илузија на чист пат.

Зачудувачки, оваа сцена налик на цртан филм со Брзата Птица-итрица и Којотот успеа да го измами автопилот системот на Tesla. Наместо да успори, автомобилот со полна брзина удри во ѕидот, не забележувајќи го трикот. Спротивно на тоа, прототипот опремен со LiDAR застана пред оваа „невидлива пречка“, препознавајќи ја како вистински објект на патот.

Remote video URL
Тагови
реклама

Авто новости

Hyundai ќе ја намали потрошувачката на гориво со хибриден систем од следната генерација

Read more

Tesla повторно го одложи доаѓањето на евтиниот модел

Read more

Renault Emblème е составен од 50% рециклирани материјали

Read more

VW го зголемува производството на бензински и дизел мотори

Read more
 

Автомобили

Hyundai ќе ја намали потрошувачката на гориво со хибриден систем од следната генерација

Читај повеќе

Tesla повторно го одложи доаѓањето на евтиниот модел

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Renault Emblème е составен од 50% рециклирани материјали

Читај повеќе

VW го зголемува производството на бензински и дизел мотори

Читај повеќе

Кога се фантомски дефекти, а кога навистина автомобилот има проблем?

Читај повеќе

Секое четврто продадено Porsche е „на струја“

Читај повеќе
  • filter

По која цена се продава Lada Niva Sport во Русија?

Читај повеќе
  • filter

Избран најдобриот светски автомобил за 2025 година

Читај повеќе
  • filter

CUPRA Formentor и Audi A5 се победници!

Читај повеќе