Авто новости

Tesla Model S 100D: 1.078 километри со едно полнење на батеријата

7. август 2017 - 16:21 | А.С.

Електричниот автомобил на Tesla со едно полнење помина 1.078 километри и моментално го држи светскиот рекорд во категоријата возила во производство.

По објавувањето на резултатите од 27-часовниот маратон што го организираше клубот на италијански сопственици на автомобили Tesla, се огласи и првиот човек на американската автомобилска компанија Елон Маск кој преку Twitter испрати честитки и објави дека Model S 100D е официјално првиот електричен автомобил во производство што поминал повеќе од 1.000 километри со едно полнење на батеријата.

Успехот на автомобилот на Tesla помина 1.078 километри за 27 часа, но ентузијазмот малку спласнува кога ќе се земе предвид дека возилото се движеше со брзина од 40 км/ч, што не е баш идеална брзина за патување.

Коментирај